Достапни линкови

Нови случаи на заболени од грип од типот А во Македонија ?


На Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминатите 24 часа се примени два нови сомнителни случаи со симптоми на грип од типот А, соопшти Министерството за здравство. Првиот пациент неколку дена претходно престојувал во Хрватска, а другиот пациент неколку дена пред добивањето на сипмтомите бил во Србија. Во моментиов на Клиниката се хоспитализирани седум пациенти со симптоми на грип. Нивната состојба е стабилна и покажува напредно подобрување, информира Министерството за здравство
XS
SM
MD
LG