Достапни линкови

Остра реакција на албанските опозиционери на новата коалиција


Лидерот на албанските опозициони социјалисти Еди Рама остро реагираше по потврдувањето на коалицијата меѓу Демократската партија на Сали Бериша и Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета, оценувајќи го пактот како „најголем политички срам во плуралистичкиот период во земјата“, јави дописникот на Македонската информативна агенција од Тирана. Според Рама, ова е јасна потврда дека некогашниот социјалистички премиер и претходно соработувал со десницата.
XS
SM
MD
LG