Достапни линкови

Британските власти бараат ослободување на приведениот иранец


Британските власти побараа ослободување на еден вработен во британската амбасада во Иран кој се соочува со обвинениа за загрозување на националната безбедност. Притрворениот иранец е шеф на одделот за политичка аналитика во британската амбасада и беше уапсен заедно со уште осум други вработени кои подоцна беа ослободени. Британскиот Секретар за надворешни работи Дејвид Милбанд во изјава за Би-Би-Си рече дека допрва ќе почне разговори со иранските власти за ослободување на притворениот.
XS
SM
MD
LG