Достапни линкови

Потврдени два случаи на свински грип во Македонија


Два позитивни случаи во Македонија од грипот А H1N1, попознат како свински грип, потврдила Референтната лабораторија во Лондон од испратените примероци од групата сомнителни случаи. Министерот за Здравство Бујар Османи денеска изјави дека пациентите се целосно излекувани. Според Османи, едниот пациент е на Инфективната клиника во Скопје во добра здравствена состојба, а вториот веќе е на домашно лекување.
XS
SM
MD
LG