Достапни линкови

Медведев: САД да се откаже од антиракетниот штит


Рускиот претседател Димитриј Медведев изјави дека САД мора да се откажат од плановите за антиракетен систем во Европа со цел да се обнови билатералниот договор меѓу Русија и Америка за намалување на нуклеарниот арсенал на двете земји. Американскиот Претседател Барак Обама во понеделник патува за Москва каде со Медведев ќе разговара за обновување на спогодбата СТАРТ која двете земји ја потпишаа во 1991 година. Документот престанува да важи во декември годинава.
XS
SM
MD
LG