Достапни линкови

logo-print

Парламентарни избори во Бугарија


Денеска во Бугарија се одржуваат парламентарни избори, први по влезот на земјата во Европската Унија во 2007 година. Според анкетите, рејтингот на владеачката социјалистичка партија на чело со Премиерот Сергеј Станишев е опаднат поради корупциски скандали за време на владеењето. Анкетите покажуваат дека најфаворизиран кандидат на претстојните избори е Бојко Борисов, актуелен градоначалник на Софиа. Победничката партија или коалиција треба да добие најмалку 121 од 240 места во Парламентот со цел да формира влада.
XS
SM
MD
LG