Достапни линкови

Избран нов претседател на владеачката Хрватска Демократска Заедница


Новата претседателка на владејачката Хрватска демократска заедница и мандатар за состав на новата влада Јадранка Косор најави денеска во Загреб дека со „цврста женска рака“ ќе ја води партијата и државата. „На Хрватска во овој момент и треба лидерство и не е време за паника туку за работа“ рече Косор откако делегатите на 13 сабор на Хрватската демократска заедница ја избраа за претседателка на партијата. Косор додаде дека владата за која се надева дека ќе биде изгласана в понеделник, во следната недела ќе изработи ребаланс на буџетот кој ќе биде усвоен до 15 јули.
XS
SM
MD
LG