Достапни линкови

Бајден: Американските војници ќе се повлечат од Ирак до 2011 година


Американските војници ќе се повлечат од Ирак до 2011 година, потврди американскиот Потпретседател Џо Бајден. „До следното лето нашите борбени единици ќе го напуштат Ирак“ рече Бајден во своето обраќање во Багдад. Американскиот потпретседател е во официјална посета на Ирак каде ги посетува американските војници а има закажано и средби со ирачките лидери.
XS
SM
MD
LG