Достапни линкови

logo-print

Европскиот ракометен шампион пред згаснување


По откажувањето на спонзорот Кометал, во Македонија нема компанија која би била заинтересирана да го преземе управувањето на најтрофејниот македонски женски ракометен клуб Ѓорче Петров.

Најуспешниот македонски спортски колектив, женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров е пред згаснување. Клубот кој беше европски првак, а уште двапати играше и во финалето од Лигата на шампионите, скоро цела година, по повлекувањето на спонзорот Кометал, живурка. Иако ја задржа двојната круна на домашната сцена, поранешниот освојувач на Интерконтиненталниот и европскиот Супер куп, не успеа да најде нов финансиер, па пред десетина дена го откажа учеството во Лигата на европските прваци, каде, како еден од 12 - те клубови со највисок рејтинг на Стариот континент, имаше директен пласман во групите. Сепак тоа, како и импресивното минато, не
Кај некои имаше привлечност да го задржат тој имиџ, меѓутоа не се осмелија да вложат свои финансиски средства во клубот од свои причини, не ни одеше ниту од рака светскава криза, која што почна да се чувствува кај нас, меѓутоа основно е незаинтересираноста и на фирмите и на сите институции надлежни за спорт, да се задржи имиџот на клубот
беа доволни за претседателот на клубот - Иван Бојков да договори соработка со некоја од најуспешните македонски компании, иако ...

,,Кај некои имаше привлечност да го задржат тој имиџ, меѓутоа не се осмелија да вложат свои финансиски средства во клубот од свои причини, не ни одеше ниту од рака светскава криза, која што почна да се чувствува кај нас, меѓутоа основно е незаинтересираноста и на фирмите и на сите институции надлежни за спорт, да се задржи имиџот на клубот."

Изјави Бојков. Тој е уморен и разочаран од немањето интерес за вложување во врвниот спорт, па затоа и е решен да ја прекине агонијата на 17 - кратниот македонски шампион. Ставот на челниците на клубот е дека е подобро тој да замине во историјата, отколку да живурка на ниски гранки и секојдневно да се бори за опстанок. Дали тоа и навистина ќе се случи, ќе дознаеме на Собранието на клубот следната недела, но скоро никој не верува дека во последен момент може да дојде до поволен пресврт. Иако, од спортскиот колектив со кој сите се гордееја, не поставуваат никакви услови за потенцијалните спонзори.

,,Доколку некој се јави, има желба да ја продолжи таа традиција, комплетно да го преземе клубот и да си ги одреди амбициите и можностите според кои би работел клубот. Бидејќи ова е веќе познато во јавноста, јас неочекувам дека некаков пресврт бе се случил до почетокот на Собранието."

Додаде Бојков, кому, како на човек кој скоро четврт век е на чело на Ѓорче Петров, најтешко му паѓа најавата дека клубот ги живее последните денови. Меѓутоа од фактите не може да избега, а мала надеж дека единствениот шампион по осамостојувањето и освојувачот на 16 домашни куп титули ќе постои и во иднина, му влева можноста тој да мирува на спортски план една или две години, односно до доаѓањето на подобри времиња.
XS
SM
MD
LG