Достапни линкови

Дали институциите функционираат подеднакво?


Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија

Повеќе компании имаат проблем со наплата во некои делови од Македонија, а со проблеми се соочуваат и државните институции. Колку правната држава функционира насекаде и каква е свеста на граѓаните за исполнување на обврските?

ЕВН продолжи со акцијата за наплата на долговите. Без струја останаа неколку села како предупредување до жителите поради натрупаните долгови. Неплаќањето на сметките за струја, заедно со крадењето или дивото приклучување, е дамнешна практика во земјава со која никако на крај не може да излезе ЕВН .Во неколку наврати им беше потребна и помош од полицијата. Не плаќаат ниту
Веројатно и отпорот е помал. Таму каде што ќе наидеме на одпор, тогаш имаме законска можност да ја исклучиме целата линија, целата трафостаница, или ако е помало село и цело село
државните институции, ниту граѓаните. Полицијата не смее да влегува во некои села . Судот ја повлече потерницата против Агим Красники, кој се сметаше за главен предводник на настаните и нередите во скопското село Кондово. Фирмите не можат да си ги наплатат долговите. Дали ваквите состојби се минато? Функционираат ли институциите на државата, насекаде подеднакво? Каква е свеста на граѓаните за иполнување на нивните обврски?

Од ЕВН најнепопуларната, најпримитивната, но истовремено најефективната мерка, ножиците, ја применуваат само во крајни случаеви. Претходно им нудат на должниците да го платат заостанатиот долг на рати, се бара решение, а дури потоа се оди кон мерката исклучување на струјата, објаснува портпаролката на ЕВН, Ленче Карпузовска. Таа објаснува дека состојбите се подобруваат и дека отпорот кај неплаќачите се намалува.

,,Веројатно и отпорот е помал. Таму каде што ќе наидеме на одпор, тогаш имаме законска можност да ја исклучиме целата линија, целата трафостаница, или ако е помало село и цело село. Затоа што ако влезот на електричната енергија е надвор од селото тоа значи дека целото село треба да се исклучи, што е крајна мерка што ние не ја посакуваме."

Од ЕВН велат дека немат конкретна информација кои региони се најголеми неплаќачи и каде има најголема кражба на струја.

,,Немаме конкретно така да ви набројам, бидејќи се работи насекаде низ државата. Може да има и во западна и во источна Македонија. Во селата каде што има лоша наплата, таму има и најголем отпор. Такви случаи имаше лани во скопско, гостиварско, тетовско, но сега состојбата е подобрена."

Зградата на ЕВН
Со имплементирањето на новите броила со кои автоматски може да им се исклучи струјата на неплаќачите, од ЕВН очекуваат да се намали бројот на неплаќачите. Броилата ќе бидат сопственост на ЕСМ, и дистрибутерот ќе може лесно да ги исклучува од својата централа.

,,Имплементирањето на броилата сеуште трае. Заврши првата фаза во која се заменети 220 илјади борила. Вкупно има 800 илјади броила во државата. Од тие причини може да се види дека сеуште има доста работа на терен."

Населението во Македонија се' уште нема свест и совест дека треба да ја плаќа редовно потрошената електрична енергија. На многу
Успеавме да докажеме дека законот подеднакво важи за сите. Во сите тие акции МВР имаше голема поддршка и од локалното население
граѓани им е сеедно што имаат по една, две или три опомени од ЕВН - ЕСМ за исклучување, тие и понатаму продолжуваат со неплаќање, а така се однесуваат, пред се', затоа што инкасаторот едноставно нема пристап до нивниот струјомер. Во ромското маало кое се наоѓа на Кејот на Вардар, луѓето со години не плаќале струја се додека не им ја исклучиле .

,,Вода немамве. Струја ослободени бевме, 19 - 20 години не плаќавме."
,,Што е ова? Не можеме ниту леб да јадеме ноќе."
,,Дали ние можеме да ја платиме оваа сметка?"

Проблемот со неплаќањето не е само проблем на ЕВН, тоа е проблем и на државата која со тоа ја покажува правна лабавост. Сите граѓани од секоја држава во светот се должни да плаќаат сметки и даноци на државата. Во вистинските правни држави на неплаќачите им се пресудува веднаш и без милост. Ако за два дена се задоцни со плаќањето на сметката за струја, таа автоматски се исклучува, бидејќи броилата се управуваат дигитално. И никој не се осмелува да се приклучи диво, зашто веднаш ќе оди во затвор. Ако не се плати кредитот за куќата, банката го зема целиот мебел, ја запечатува куќата, а неплаќачот оди на улица. Дали се останало без работа и се станал социјален случај, тоа не е проблем на услужните претпријатија, туку на државата и на социјалните установи, велат од комуналните претпријатија. Од ЕВН велат дека тие како компанија не можат да ги амнестираат од неплаќање оние граѓани кои се социјали случаи, за тоа треба да се грижи државата .Иако веќе со години се планира да се донесат. т.н. социјални пакети за граѓаните со ниски примања да можат да си ги подмират долговите, се уште не е направено ништо.

И во Водовод и во Топлификација имаат проблеми при наплатата на долговите. Но од почетокот на оваа година сите заостанати сметки фирмите си ги наплатуваат преку извршители. Тие имаат право долговите на граѓаните да ги наплаќаат директно од трансакциските сметки во банките. Ако не најдат пари на сметките, ќе доаѓаат во домовите и ќе ја собираат покуќнината. Долговите ќе се наплаќаат по налог на нотар.. Идните должници нема да добијат тужби, со што ќе се растовари судството. За разлика од кај нас, една литванска фирма за да си ги наплати долговите од своите партнери дошла до несекојдневна идеја.
Менувањето на свеста која оди многу споро од моделот на милиција до полиција денеска. Самиот модел кој се понуди по кризата во трансформацијата на полицијата, ја покажува својата нефункционалност во контекст на неизграден чист модел на полициско организирање во Република Македонија


Оваа фирма ја ангажирала, најпознатата самопрогласена вештерка од Литванија, нејзината задача е да ги пронаоѓа компаниите и поединците кои имаат долг према фирмата и доколку долгот не го платат таа ќе треба да фрли клетва. Не така одамна имаше случаи кога компаниите и во присуство на полицијата не можеа да влезат во некои региони и да им помогнат при наплатата на долговите.
Некои од фирмите ангажираа и приватно обезбедување за да се заштитат. Од МВР велат дека имаат контрола над целата територија, и на секаде владее законот. По конфликтот во 2001 имаше села во кои полицијата немаше пристап, но сега се е во ред, објаснува портпаролот Иво Котевски.

,,Успеавме да докажеме дека законот подеднакво важи за сите. Во сите тие акции МВР имаше голема поддршка и од локалното население."

Според информациите на МВР, довербата на граѓаните во полицијата се враќа. Тие работат на тоа полицијата за им биде блиска на граѓаните.

,,Полицијата со сите напори се труди да биде сфатена како сервис на граѓаните, односно да им служи и штити нивните интереси. Бидејќи еднаш засекогаш и припадниците на полицијата мора да сфатат дека тие се платени токму од граѓаните за да им служат и да ги штитат."

Граѓани и припадници на МВР
Со промените во Законот за полиција , од пред неколку години се оди кон тоа да се промени свеста на граѓаните , кои во полицијата треба да гледат сервис кој ќе ги штити , а не да се плашат од полицијата. Професорот Звонимир Јанкуловски вели дека во Македонија за полицијата се помалку се употребува зборот сервис.

,,Очигледно во Република Македонија се помалку во контекст на полицијата се употребува зборот сервис, јакнејќи ја нејзината безбедносна функција, иако сервисната функција е таа која полицијата треба да ја испорача во општеството."

Полицијата се реформира последниве 18 години, а тие реформи не се суштински, туку повеќе се оди кон менување на свеста на граѓаните, вели професорот Јанкуловски.

,,Менувањето на свеста која оди многу споро од моделот на милиција до полиција денеска. Самиот модел кој се понуди по кризата во трансформацијата на полицијата, ја покажува својата нефункционалност во контекст на неизграден чист модел на полициско организирање во Република Македонија."

Просечниот македонски граѓанин , според истражувањата, ја изгубил вербата во институциите на системот. Според истражувањето кое за минатата година го направиле од Македонскиот центар за меѓународна соработка , македонците најголема доверба имаат во образованието и армијата, а најмала доверба во судството. Според социологот Ѓорѓи Тоновски граѓаните ја губат довербата во институциите поради неусовршеноста на самиот систем

,,Тие институции со самата недоволна ефикасност уште повеќе ја зголемуваат недовербата, односно упатуваат на тоа дека граѓанинот не е во позиција на стожер на демократскиот развој."

Професорот Тоновски вели дека власта треба да работи на доградба на системот , преку кој сите институции правилно ќе работат за да се овозможи демократскиот развој.

,,Проблемот што ја зголемува недовербата на институциите на недоволна ангажираност на македонските власти, оттука и таа недоволна доверба во институциите."

Граѓаните изгубиле доверба во судството затоа што според нив тоа е и најкорумпирано. Истражувањето кое е спроведено од транспаренси Инрернешнл во 69 земји, покажува дека 80 проценти од испитаните граѓани во Македонија, сметаат дека судството е најкорумпирано. Миклош Маршал, регионалниот директор на Транспаренси Интернешнл за Европа и Централна Азија, вели дека тоа што некои од основните сектори и институции како судството, полицијата или здравствениот сектор се индентификувани како најкорумпирани институции го истакнува фактот дека во овој регион сеуште има фундаментални проблеми кои треба да се решат.

,,За жал, има многу негативно влијание на општеството затоа што како што знаеме во секоја пазарна економија засилувањето на владеењето на правото е основно."

објаснува Маршал.

За Слаѓана Тасева од транспарентност-Нулта Корупција, постојат повеќе причини зошто има корупција во институциите

,,Можеме да кажеме дека моделот е нефункционален и има проблем, дека треба да се подобри начинот на којшто се поставени институциите и начинот на којшто тие внатре комуницираат или со другите институции. Но, нив ги прават луѓето што работат во тие институции."

Во извештаите на Европската комисија, досега многу пати се посочувало дека државните институции не функционираат онака како што треба. Професорот Мерсел Биљали вели дека власта многу малу прави за да го подобри функционирањето на системот.

,,Јас мислам дека тоа што се презема е само козметика да се замагли ситуцијата во однос на забелешките кои ги даваат меѓународните институции."

Професор Биљали вели дека власта треба да покаже политичка воља и да овозможи подеднакво функциониране на институциите на целата територија на државата.

,,Но, не сум многу сигурен дека има политичка волја да се смени многу на тој план. Затоа што личните интереси се над државните и ние хронично патиме од таа аномалија."

Функционирањето на институциите, намалената корупција , транспарентното работење ќе им ја вратат довербата на граѓаните во институциите на системот, се согласуваат експертите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG