Достапни линкови

Франција го поддржува влезот на земјите од Западен Балкан во ЕУ


Францускиот претседател Никола Саркози по денешните разговори во Стокхолм со премиерот на Шведска Фредерик Рајнфелд изјави дека немало промени во неговата позиција во однос на членството на Турција во Европската унија, но оти го поддржува влезот на земјите од Западен Балкан во Унијата. ,,Франција смета дека на Турција не треба да и се понуди полноправно членство, туку привилегирано партнерство, рече Саркози. Инаку, Шведска која е актуелен претседавач со Унијата, го поддржува влезот на Турција, со оценка дека тоа ќе биде од корист за ЕУ.
XS
SM
MD
LG