Достапни линкови

logo-print

ЕУ упати остар протест до Иран


Европската унија денеска реши да ги повика амбасадорите на Иран во членките на Унијата во знак на протест поради затворањето на персоналот на британската амбасада во Техеран. Шефот на шведската дипломатија Карл Билд соопшти дека Британија предложила отповикување на сите евро амбасадори од Техеран, но оти Брисел се решил на постепено ескалирање на притисокот врз Иран. До овој потег дојде откако Советот на чуварите денеска соопшти дека на дел од уапсените ќе им биде судено за поврзаност со постизборните протести во Иран.
XS
SM
MD
LG