Достапни линкови

Се очекува победа на партијата на Бојко Борисов в недела во Бугарија


На парламентармните избори оваа недела во Бугарија се очекува убедлива победа на опозициската конзервативна партија ГЕРБ на харизматичниот градоначалник на Софија, Бојко Борисов со околу 30 насто. На второ место, според анкетите, ќе се најде „Коалицијата за Бугарија“, предводена од владејачката Бугарска социјалистичка партија (БСП) на премиерот Сергеј Станишев, во која влегуваат уште шест помали левичарски партии, која пак се очкеува да освои 20 насто. И додека победникот е извесен, неизвесно е кој ке ја формира владата.
XS
SM
MD
LG