Достапни линкови

Економската криза се повеќе се чувствува


Работници во фабрика
Работници во фабрика

Владата да почне да ги насочува парите за справување со економската криза, а не за изградба на објекти, бараат граѓаните. Решавање на проблемите со кои се соочуваат бараат и Синдикатот и земјоделците.

Владата да ги насочи парите кон зголемување на вработеноста, а не кон изградба на непродуктивни објекти, бараат граѓаните.

,,Треба да се создадат услови."

,,Зошто луѓето ги гледате се по парковите, по улиците се... Вчера бевме на Бит Пазар те моли десет денари да му дадеш. Тие статуи
Нови работни места треба само, производно нешто што ќе врати пари, а не ова фрли ги парите во бунар
некои што се, треба тие пари да се употребат за помош на луѓето во криза."

,,Нови работни места треба само, производно нешто што ќе врати пари, а не ова фрли ги парите во бунар."

Синдикалците, пак, сметаат дека Владата треба да донесе социјални пакети за луѓето што ќе ги изгубат работните места. Милан Живковиќ од Сојузот на синдикати на Македонија вели дека токму кризата е вистинско време за „конечно„ да се утврди минималната плата.

,,Тоа уште не е дефинирано кај нас, со сите кризи што доаѓаат платите ќе се намалуваат и сега само ќе има изговор за дополнително намалување на тие плати."

Недостигот од свежи пари во оптек се одразува и на земјоделството. Земјоделците се жалат дека не може да си го наплатат производството, зашто откупувачите немаат свежи пари во оптек, велат во Федерацијата на фармери. Претседателот на Федерацијата Ѓоко Данаилов вели дека субвенциите не се доволни, во услови на намалени откупни цени и задоцнета исплата.
Извозот е клучен за справување со трговскиот дефицит и за прилив на девизи и оттаму го предлагаме токму тоа, субвенционирање на производството наменето за извоз


,,Не се во прашање само субвенции, во прашање е да се обезбеди пласман, да се најдат поволни откупувачи, да се дадат поволни кредити на откупувачите.. Особено во земјоделието, субвенции како субвенции, се добродојдени, но ако цената е мизерна таа субвенција не ги покрива трошоците."

Во Сојузот на стопански комори велат дека токму субвенционирањето на извозните претпријатија и директната помош за извозните компании може да и помогне на домашната економија.

,,Извозот е клучен за справување со трговскиот дефицит и за прилив на девизи и оттаму го предлагаме токму тоа, субвенционирање на производството наменето за извоз, бидејќи тоа е еден успешен пример кај земјоделието."

вели извршниот директор на Сојузот на стопански комори Владимир Матевски. Освен субвенционирањето, тие бараат и 700 милиони до една милијарда евра свежи пари, што би се обезбедиле преку заем или аранжман со Меѓународниот монетарен фонд. Така би се обезбедиле пари во оптек, а ќе се зачуваат курсот на денарот и макроекономската стабилност, велат тие. Бизнисмените бараат и нов ребаланс на буџетот со развојна и социјална компонента и проекција за негативен раст на БДП од -2 отсто во 2009 година. Портпаролката на министерството за финансии Ивана Билбиловска вели дека сега на земјава не и е потребен аранжман со ММФ.

,,Се разбира ако се јави потреба во иднина не е исклучено да се размислува и во таа насока. Што се однесува до новиот ребаланс на буџетот, останува како опција до крајот на годинава, меѓутоа и движењата на домашен план."

Бизнисмените, предлагаат и да се формира агенција за домашни инвестиции и да се донесе стратегија за домашни инвестиции.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG