Достапни линкови

Обама греши за мислењето на Путин, порачува Москва


Портпаролот на рускиот премиер Владимир Путин изјави дека американскиот претседател Барак Обама греши кога вели дека Путин се уште делумно размислувал на стариот начин од Студената војна. Дмитри Пешков изрази уверување дека Обама ќе го сменел ваквото мислење за време на неговите разговори со премиерот Путин во идната недела во Москва.
XS
SM
MD
LG