Достапни линкови

logo-print

Отворена новата амбасада на САД во Македонија


Во Скопје синоќа официјално е пуштена во употреба новата американска амбасада во Македонија. Таа се наоѓа на скопското Кале на површина од над осум илјади метри квадратни и се смета за најголема амбасада на Балканот. На свеченоста што се одржа по повод 4-ти јули, националниот празник на САД, американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер истакна дека новата амбасада е симбол на американското пријателство и на демократските вредности што ги делат Македонија и САД. „Америка се гордее со пријателството и партнерството со Македонија. Со отворено срце ја прифаќаме можноста да работиме заедно за да обезбедиме подобра иднина за сите“, рече Рикер.
XS
SM
MD
LG