Достапни линкови

Се чекаат резултати за шест случаи на нов грип во Македонија


Во Канкун Мексико завршува Меѓународниот собир за новиот грип. Во меѓувреме, во Македонија, како што соопшти министерството за здравство се чекаат резултатите од уште шест лица кои беа примени на инфективната клиника со симптоми на грип. Претходно во писменото известување од референтната лабораторија на Светската здравствена организација во Лондон беше соопштено дека е негативен резултатот на четиригодишното момче кое беше примено на Инфективната клиника во Скопје како прв високосомнителен случај на новиот тип грип А (Х1Н1).
XS
SM
MD
LG