Достапни линкови

logo-print

Екс - Премиерот на Словенија жртва на политика ?


Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша изјави денеска по сослушувањето во полиција, дека против него се води политички, а не правен процес. Тој додаде дека сега е јасно оти е осомничен за оддавање доверливи информации бидејќи цитирал зборови на претседателката на Либералните демократи Катарина Кресал во врска со начините за решавање на пограничниот спор со Хрватска. Јанша додаде дека оваа постапка не ја разбира како правен процес туку како политичко судење и поради тоа нема адвокат.
XS
SM
MD
LG