Достапни линкови

Средба Тадиќ - Папуљас


Претседателите на Србија и Грција, Борис Тадиќ и Каролос Папуљас, се согласија денеска дека местото на Србија е во Европската унија и оти решението за Косово мора да се изнајде во рамки на меѓунардоното право. Папуљас по разговорите со Тадиќ изјави дека Србија треба во најкус рок да стане дел од европското семејство и да добие место кое со право и припаѓа. Претседателот Тадиќ нагласи дека Србија нема никогаш да се откаже од Косово ниту од својот пат кон членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG