Достапни линкови

logo-print

Зошто Иво Санадер се повлече од политичкиот живот?


Здравствени проблеми или судири во партијата. Тоа, според некои хрватски аналитичари, можат да бидат причините на одлуката на Иво Санадер да се повлече од функциите премиер и претседател на ХДЗ.

Претседателот на Хрватска Стипе Месиќ кој веќе ја примил одлуката на Иво Санадер да се повлече од политичкиот живот изразува загриженост поради, како што се наведува, изборот на моментот кога досегашниот премиер решил да го стори тоа, бидејќи Хрватска се наоѓа во критична економска ситуација и во состојба кога нејзиниот пристап во Европската унија е блокиран од Словенија. Санадер на вчерашната прес конференција изрази задоволство со неговите резултати

,,Хрватска стана вистински фактор во меѓународната политика, членка на Советот за безбедност, членка на НАТО и сме на паргот на Европската унија, треба само политичка одлука и ние со преговорите ќе бидеме готови за три месеци.,,

Санадер кој јасно не ги наведе причините за неговото заминување сепак забележа дека извесна врска има и непринципиелното блокирање на Хрватска во преговорите со Унијата. За негов наследник во партијата и во владата е посочена Јадранка Косор, што за опозицијата е некоректно и бара вонредни избори.

,,Тоа не е патриот, тука нема изговори. Ако се работи за болест тогаш треба да се собере сила и храбост и тоа да се каже и да се распишат вонредни избори кои ќе дадат одговорна влада во оваа земја.,,
Претседателот на Хрватска Стипе Месиќ изрази загриженост поради, изборот на моментот кога досегашниот премиер решил да се повлече, бидејќи Хрватска се наоѓа во критична економска ситуација ...


Вели Радимир Чачиќ, претседател на Хрватската народна партија. На идентичен став се и социјалдемократите. Не станува збор за болест, тврди професорот на Факултетот за политички науки Ненад Закошек, додавајќи дека ваков радикален потег може да биде резулатат на внатрешни судири во владејачката партија

..Претпоставувам дека премиерот на некој начин се нашол во малцинство во својата партија и оти не успеал да го придобие мнозинството за некои политички чекори кои имал намера да ги направи за да се справи со тешката ситуација со која се соочува владата.,,

Политичкиот аналитичар, професор Жарко Пуховски пак, освен здравствената состојба, не гледа друга причина за заминувањето на Санадер

,,Се очекуваше дека тој ќе даде оставка за да се кандидира за претседател на државата. Но од тоа сега нема ништо. Значи, според мене, зад сето ова мора да постојат лични причини.,,

Вели Пуховски кој изразува сомневање дека новата, владина екипа ќе може да го издржи товарот со оглед на тешкиот момент во кој се наоѓа земја.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG