Достапни линкови

logo-print

Експертите очекуваат стабилна цена на хартиите од вредност на македонската берза, односно минимални промени од околу 5 проценти. Според нив, инвеститорите веќе не реагираат бурно и не купуваат или продаваат акции по која било цена.

Луѓето кои тргуваат со акции летово можат да очекуваат стабилна цена на хартиите од вредност на македонската берза - велат експертите. Инвеститорите повеќе не рееагират бурно на чуствителни информации па не купуваат или продаваат акции по која било цена.Експертите очекуваа дека летово ќе има минимални промени на цените од околу 5 проценти. Акционерот Бојан Андев вели дека вредноста на неговите акции сега е многу помала од реалната. Но, Андев смета дека еуфоријата за брза заработка на берза помина затоа
Инвеститорите се научија да реагираат на определени вести така што ако има некоја вест за некоја компанија, почнуваат да продаваат, ги спуштаат цените, меѓутоа не до толку како порано
што многу луѓе се исплашени и ретко кој инвестира.

,,Многу луѓе не го имаат сватено концептот на понуда-побарувачка на берзата, многу луѓе купуваат акции од муабети, кредити земале бидејќи слушнале дека се заработува. Многу малку луѓе гледаат аванси на фирми, не прват анализи, туку што се купува сега, тоа земаат."

Деновиве просечниот прометот на берзата повторно е намален. Сега изнесува околу 200 илјади евра дневно што е за речиси половина помал од пред еден месец.Најтргувани елементи на македонскта берза се државните обврзници. Случувањата на европките и американските берзи се рефлектираат и на македонскиот пазар на акции.

,,Инвеститорите се научија да реагираат на определени вести така што ако има некоја вест за некоја компанија, почнуваат да продаваат, ги спуштаат цените, меѓутоа не до толку како порано. Доста заклучоци се извлекоа од кризата и мислам дека во иднина ќе ги базираат своите инвестиции врз реални анализи и податоци."

Вели Александар Манев директор на пензиските фондови на ,,Илирика". Во моментов главните актери на берзата се домашните инвеститори вели инвестицискиот советник Горан Марковски. Странските акционери се воздржани од нови ивестиции. Според последните информации за глобалната економска криза брз излез од рецесијата нема. Па затоа Маркоски смета дека неизвесноста за излез од кризата е главна причина за воздржаната состојба на пазарот:

,,Информациите што доаѓаат и понатаму се лоши. Сметам дека и до крајот на годината тие ќе се влошуваат, барем во Македонија, а од друга страна нивото на цени е прениско, и според мене не би бил индикатор за состојбата, бидејќи таа е на некое минимално ниво."

Експертите сметаат дека владина инекција од капитал е секогаш добредојдојдена на пазарот. Но тие пари да се насочат кон продуктивни извозно ориентирани сектори кои со тие стимулации можат да ја зголемат продуктивност а и конкурентноста на светските пазари.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG