Достапни линкови

logo-print

Во последните два месеци, МВР уапси неколку луѓе осомничени за компјутерски криминал. Интернет консултантите велат дека ангажирање на експерти и професионалци, е клучно за заштита од хакери и поголема безбедност.

Злoупотребени лични податоци на интернет, хакирани веб страници, олеснети банкарски сметки со лажни картички. Само во последниве два месеци МВР уапси неколку луѓе осомничени за компјутерски криминал. Првиот случај на ваков вид на криминал во Македонија е регостриран во 1997, оттогаш бројот на уапсени се зголемува, велат од МВР. Интернет консултантот Дарко Булдиоски, вели дека комјутерскиот криминал најчесто не е поврзан со компјутери и се одвива надвор од интернет мрежата. Тој вели дека нема потреба од кревање на паника заради криминалот на интернет.

,,Она што генерално се шири во јавноста, како причина за паника, мислам дека е малку пренадувано, затоа што целиот овој сектор со онлајн трговија, е нешто релативно ново, а луѓето секогаш се плашат од ново."
Секогаш постои шансата некој да влезе и да ја ,,хакира" страницата, односно се што направил човек, друг човек може да го копира, меѓутоа ако се ангажираат луѓе со професионално знање, многу потешко ќе биде


Вели Булдиоски и додава дека за поголема безбедност на интернет се потребни експерти и повеќе пари.

,,Секогаш постои шансата да некој влезе и ја ,,хакира" страницата, односно се што направил човек, друг човек може да го копира, меѓутоа ако се ангажираат луѓе со професионално знање, тогаш веројатноста дека деца, кои што најчесто се хакери, многу потешко ќе можат да променат вакви страници, бидејќи сепак нивната цел не е да наштетат толку многу, колку да се пофалат."

Елена Стојановска од Дирекцијата за заштита на лични податоци, вели дека една од појавите на компјутерски криминал е и таканаречениот фишинг, кој опфаќа збир на неовластени активности како праќање на лажни пораки или линкови преку кои клиентот си ги кажува личните податоци, а потоа тие можат да бидат злоупотребени.

,,Штом еднаш ќе се остават податоци на такви сајтови, тие податоци понатаму се користат најчесто за криминални цели, односно ,,олеснување" на нечија сметка."

Изјава, вели Стојановска и објаснува дека луѓето за да се заштитат нетреба да одговараат на електронска пошта за која незнаат од каде им доаѓа, и во која се бара да ги дадат своите лични или податоците од финансиската сметка, а нетреба да се следат ни сомнителните линкови. Таа вели дека досега во Агенцијата никој од Македонија не се пожалил на фишинг, но тоа не значи дека го нема.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG