Достапни линкови

Медведев очекува од престојниот самит со Обама обновување на соработката



Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска изрази надеж дека престојната средба со американскиот претседател Барак Обама ќе помогне да се најдат нови начини за меѓусебна соработка. На видео изјавата објавена на сајтот на Кремљ, Медведев истакнува дека Русија е подготвена за обновување на односите со Соединетите Држави, по неколкуте години на своевидна студена војна. Москва и Вашингтон имаат посебна одговорност да се борат против меѓународниот тероризам, ширењето на нуклеарното оружје и трговијата со дрога, изјави Медведев. Обама пристигнува во Москва во понеделник.
XS
SM
MD
LG