Достапни линкови

Билт жали поради оставката на Санадер


Шефот на шведската дипломатија Карл Билт рече дека жали поради оставката на Иво Санадер од премиерската позиција и ја поздрави неговата одлучувачка улога во приближувањето на Хрватска кон Унијата. Според неговите зборови, Санадер беше „важен глас во интеграцијата и помирувањето на Балканот“. Санадер, кој вчера поднесе оставка, беше на чело на хрватската влада од 2003 година. Под негово водство, Хрватска лани влезе во НАТО, но преговорите за членство со Европската Унија се блокирани поради граничниот спор што Хрватска го има со Словенија.
XS
SM
MD
LG