Достапни линкови

logo-print

Вашингтон го обвини Техеран за „кампања за дезинформирање“


Американската администрација ја обвини иранската влада дека води „кампања за дезинформирање“, по иранските обвинувања дека не владата, ами демонстрантите го исценирале пукањето врз младата Иранка Неда Солтани. Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс оцени дека тврдењето оти убиството било исценирано е „шокантно“. Претходно, иранските власти рекоа дека убиството на 27-годишната Неда, за време на претестите против резултатите од претседателските избори, била провокација која имала цел да го наруши угледот на Иран. Снимките од смртта на Неда го обиколија светот, по што таа стана своевиден симбол на отпорот во Иран.
XS
SM
MD
LG