Достапни линкови

Шестмина хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести во Скопје


Вкупно шест лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје поради сомнение дека се заразени од новиот грип од типот А, изјави директорот на Инфективната клиника Ѕвоко Миленковиќ. Тој појасни дека од шесте хоспитализирани случаи само кај едногодишно дете кое е примено денеска има зголемена телесна температурa. Другите два нови случаи се двајца средовечни мажи кои деновиве се вратиле од службени патувања во странство.
XS
SM
MD
LG