Достапни линкови

Македонија недоволно извезува во Кина


Пекинг

Пекинг

Македонските производители многу малку се обидуваат да извезуваат на кинескиот пазар. Според експертите за да се наметнеме на кинескиот пазар, потребна е подолгорочна стратегија и добра организација.

Трговската размена помеѓу Македонија и Кина за минатата година изнесува 316 милиони долари. Но целокупната размена отпаѓа само на увозот од Кина, па затоа трговскиот дефицит на нашата земја секоја година константно се зголемува. Тој лани се искачи на 313 милиони долари, што значи дека покриеноста на увозот со извоз е на многу ниско ниво. Ние во оваа земја извезуваме само машини со посебни функции вели претседателот на македононско кинескиот деловен центар Драган Младеновски при Стопанска комора на
На краток рок, големи промени не се возможни, затоа што ова подразбира многу голем ангажман, добра организација, добро испитување на пазарот во Кина и добро испитување на нашите производствени капацитети и транспортот
Македонија.

,,Нашите информации за тоа, се знае со сигурност дека нашата роба оди таму, но колку и како, имаме недостатоци за тој податок. Но, со сигурност може да се каже дека добар дел, посебно за металите, завршуваат на кинескиот пазар."

Кина не е наш стратешки партнер и немаме деловни врски најмногу поради географската одредница. Но и производите кои ние најчесто ги извезуваме не одговараат на потребите на кинескиот пазар вели професорката по меѓународна трговија Ирена Кикеркова. За да се наметнеме на овој пазар потребна е подолгорочна стратегија вели таа.

,,На краток рок, големи промени не се возможни, затоа што ова подразбира многу голем ангажман, добра организација, добро испитување на пазарот во Кина и добро испитување на нашите производствени капацитети и транспортот."

Младеновски вели дека во Кина постоел интерес за македонското вино. Тие се обиделе да започнат извоз но не успеале, затоа што многу е тешко еден производ да се пласира на таков голем пазар. Потребни се пред се големи инвестиции вели тој.

,,Таа е доготрајна и макотрпна постапка да се освои еден пазар, односно треба да се инвестира прилично во развој на пазарот, за што во моментов нашите производители не се подготвени."

Македонија договор за економска и деловна соработка со Кина има потпишано во 1995 година. Од нив најмногу увезуваме електрични машини, апарати за широка потрошувачка, облека и обувки како и прехрабени производи. Во земјава се одржа и македонско кинески бизнис форум со цел да се оствари контакт на компаниите и да се продлабочи соработката помеѓу двете земји.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG