Достапни линкови

logo-print

Раздор во редовите на земјоделците и сточарите


Земјоделци

Земјоделци

И сточарите и земјоделците се разединија, намалувајќи ги со тоа шансите за решавање на нивните проблеми. Раздорот е создаден од оние кои што сакаат да профитираат од нашиот проблем, велат дел од земјоделците и сточаритe.

Проблемите во Сведмилк каде се трага по прифатливо решение за оштетените млекари, станаа јаболко на раздорот мегу нив и здруженијата што ги застапуваат. Нервозата на осиромашените млекопроизводители од пропаднатата шведската млекарница и барањата да се отвори пат проблемот во скоро време да се реши потикна размислување дека конечно и трошоците се помали доколку настапуваат самостојно . Но одлуката со свој тим да преговараат со големите доверители што имаат стевено хипотеки врз имотот во млекарницата. Според Трајан Димковски од Федерацијата на фармери која е една од асоцијациите која се залагаше да посредува во случајот отвора пат сточарите да се соочат со поголем камен на сопнување на денот кога ке се одржи собранието на доверители.
Имаме ситуација во која се играат некои игри, кои луѓето неможат да ги разберат


,,Имаме ситуација во која се играат некои игри, кои луѓето неможат да ги разберат, а која мислам ќе кулминира на 21-ви кога е закажано Собранието на доверителите. Кој ќе го искаже тогаш мислењето на сточарите, доколку нема ниту еден нивни претставник."

Од друга старана Здружението на млекопроизводители ги повика кооперантите на „Сведмилк“ стечајните пријави навреме да ги достават кај стечајниот управник до 12 јули, а од Федерацијата на фармери да им ги вратат парите на кооперантите од кои зедоа по илјада денари.

,,И најобична пријава да поднесете на суд, затоа се тие 600 денари, затоа што законски Судот нема да го разгледа случајот ако ги немате тие 600 денари таксени марки."

Паралелно со битката на млекопроизводителите, свој фронт отворија и земјоделците од Велес, Свети Николе и Куманово кои го блокираат патот Велес - Штип, незадоволни од откупната цена за житариците која им ја понудија мелничарите. Претходно министерството за земјоделски здруженија посочија дека веќе два месеци преговараат за прифатлива цена на пченицата. Ефтим Шаклев од Сојузот на Фармери вели дека раздорот не го создаваат земјоделците туку оние што сакаат да профитираат од нивниот проблем:

,,Тоа се лични интереси, тие не ги застапуваат интересите на земјоделците. Доколку ги застапуваат интересите на земјоделците, нивното Здружение ќе најдеше решение за проблемот."

Земјоделците велат дека со 5 денари за килограм јачмен и 7 денари за пченица, не можат да си ги покријат основните трошоци и остануваат на ставот дека 11 и 13 денари, е реална цена.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG