Достапни линкови

Што може да очекуваме од Шведска?


Стокхолм
Стокхолм

Укинување на визите и датум за преговори за членство во ЕУ, се очекувањата во Македонија за време на шведското претседателство со ЕУ. За власта овие очекувања се реални, додека опозицијата потсетува дека прво треба да се завршат домашните прашања.

Укинувањето на визите и датум за преговори за членство во ЕУ се двете битни работи кои Македонија очекува да се случат за време на шведското претседавање со ЕУ, велат политичарите. За власта тоа се рални очекувања, од опозицијата велат дека првин треба да се решат внатрешните прашања, а потоа да се бара помош од надвор, а експертите се скептични. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ
Имајќи ја во предвид и принципиелната политика на Шведска во однос на процесите на проширување, ни дава за право да имаме позитивни очекувања од ЕУ во однос на Македонија
Александар Спасеновски, кој е член на македонската делегација во Европскиот парламент вели дека Македонија има причина плус да верува во Шведска, ако се земе огромното балканско искуство на шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд.

,,Имајќи ја во предвид и принципиелната политика на Шведска во однос на процесите на проширување и интеграција на државите со европски амбиции, ни дава за право да имаме позитивни очекувања од ЕУ во однос на Македонија."

Од опозицијата велат дека Македонија е исправена пред важни прашања на чие решавање сите заедно треба да учествуваат, а дури потоа да се очекува помош од било која челнка на ЕУ или од мегународната заедница.

,,Прво ќе покажеме намера дека самите себе си сакаме да си помогнеме посебно во делот на нашите аспирации кон НАТО, ЕУ и секако решавање на спрот со името кој што го имаме со Грција."

Вели потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев. Пред неколку дена шефот на шведската дипломатија, Карл Билд, порача дека ЕУ ниту може ниту има намера да се инволвира во решавањето на спорните прашања на Балканот . Па според тоа самите земји се одговорни и за
Прво ќе покажеме намера дека самите себе си сакаме да си помогнеме
решавањето на споровите а со тоа и за евроинтеграцијата на засегнатите земји. Но, шведскиот премиер Фридрих Рејнфелд изјави дека ниту една земја, вклучувајќи ја и Хрватска, нема да влезе во Европската унија во скора иднина. Токму заради третманот на Хрватска, Македонија неможе премногу да очекува од шведското претседателство со ЕУ, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

,,Но, во секој случај нема да покажат некое големо разбирање за проблемите кои што ги имаме, посебно за проблемот со Грција. Така што мислам дека може да очекуваме нивно понатамошно охрабрување и инсистирање, проблемот со името да се реши."

Вели Муслиу и додава дека овој пат Македонија освен да се занимава со проблемот со името и со визното ослободување, треба да работи и на другите работи како што се проблемот со администрацијата , судството и со другите одредници на кои земјава треба да поработи за да влезе во ЕУ.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG