Достапни линкови

Европскиот чун го смени кормиларот


Новата Шведска декорација во ЕУ - Брисел

Новата Шведска декорација во ЕУ - Брисел

Од денеска па до крајот на годинава швеѓаните се главни во Унијата, барем како ротирачки претседатели. Многумина можат да здивнат – заврши чешкото преседавање, според многумина хаотично, но според сите барем не беше здодевно. Дури и примопредавањето на реката Влтава во Прага беше како најдобра бурлеска. Два чуна пловат еден крај друг. Чесите ставаат буре со пиво во чунот полн со шведски дипломати и за малку ке дојдеше до превртување на шведскиот чамец.
Според посматрачите, како што почна така и заврши, иако оваа оценка, претежно француска, за некои е преостра. Нејсе, чесите на чело го имаа Вацлав Клаус –Претседател на земјата, преседавач, познат евро скептик и критичар на многу важниот европски проект Лисабонскиот договор. И не само Клаус беше тој што ја расипуваше забавата. Тука беше и Давид Черни – уметникот кој со својата постановка во Брисел на која користеше стереотипи за да ги опише 27 те земји членки многу од нив навреди, посебно бугарите кои беа преставени како тоалет, народски речено чучавец

,,Ние навистина жалиме ако навредивме некоја земја,,.

Се извини Уметникот Черни и само што возбудата од оваа уметност малку стивна, дојде и до политички турбуленции во Чешката република и пад на владата на Мирек Тополанек, човекот кој председаваше со состаноците на Унијата во Прага и Брисел.

,,Јас ке му предадам мојата оставка на Претседателот според Уставот,,.

И ја предаде, но на Тополанек не му пречеше следниот ден во Европскиот парламент да изјави дека американскиот начин за справување со економската криза е пат кон пеколот и потоа до крајот на мандатот, со Чешка и со Унијата преседаваше владата во Прага составена од екперти. Во меѓувреме, уште една афера. Чешки таблоид објави фотографија од вилата на италијанскиот Премиер Силвио Берлускони на која Мирек Тополанек се шета гол, како од мајка роден. Тополанек најпрвин негираше, а потоа и потврди. Не случајно, Ричард Витманод тинк тенк институтот Чатам Хаус ке рече дека чешкото претседателство со Унијата беше многу интересно.

,,Имаше големо медиумско покривање на Претседателствувањето што е невообичаено, но лошата вест е што покривањето беше од погрешни причини,

Чешкото претседателство имаше и светли моменти. Се справуваше со тешки ситуации како економската криза, потоа израелската офанзива во Газа, помогна околу руско украинскиот спор за гасот од кој беше загрозена Европа, потоа го промовираа Источното Партнерство и низа други успеси. Сега Швеѓаните превземаат. Нивните приоритети ќе бидат надминување на економската и финансиската криза, борбата против климатските промени, соработка на правосудствата во Унијата, стратегијата за Балтичкиот регион и процесот на ширење на ЕУ.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG