Достапни линкови

Во Брисел средба Македонија- Северноатлантски совет


Македонска делегација предводена од министрите за надворешни работи и за одбрана, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски, денеска во Брисел ќе одржи состанок со Северноатлантскиот совет. На состанокот ќе учествуваат претставници и експерти од надлежните државни институции инволвирани во процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО. Во име на Алијансата, претседавач на состанокот ќе биде генералниот секретар Јаап де Хоп Схефер. Состанокот е редовна средба на НАТО со земјите аспиранти за членство и е во насока на финализирање на десеттиот циклус за имплементација на Акциониот план за членство на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG