Достапни линкови

logo-print

Македонско- турски договор за избегнување двојно царинење


Денеска стапува во сила Договорот за дијагонална кумулација за потеклото на стоки меѓу Република Македонија и Република Турција. Договорот е посебно значаен за македонските компании од текстилната индустрија и за другите фирми кои користат репроматеријали од оваа земја. Со него се овозможува за готовите производи со македонско потекло, за чие производство се користеле репроматеријали од Турција, да не се плаќаат царински давачки при нивниот увоз во земјите на ЕУ. Со либерализацијата се опфатени сите гранки освен земјоделството и челичната индустрија.
XS
SM
MD
LG