Достапни линкови

logo-print

Шведска на чело на ЕУ


Со свечена церемонија во Стокхолм, Шведска денеска го презема од Чешка шестмесечното претседавање во ЕУ. Премиерот на оваа земја Фредерик Рејнфелд и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо ќе разговараат за приоритетите на шведското претседателство, кои, според најавите, ќе бидат надминување на економската и финансиската криза, борбата против климатските промени, соработка на правосудствата во Унијата, стратегијата за Балтичкиот регион и процесот на ширење на ЕУ.
XS
SM
MD
LG