Достапни линкови

Грузија ќе имплементира нови мерки против економската криза


Грузиските власти денеска презентираа пакет мерки за борба против негативните ефекти од светската економска криза. Владата соопшти дека за остварување на мерките, државата ќе бара заем во висина од 200 милиони американски долари од меѓународни институции. Новите заеми ќе се додадат во фондот од четири и пол милијарди американски долари донации од меѓународни финансиери.
XS
SM
MD
LG