Достапни линкови

Зголемен бројот на настрадани во Италија


Бројот на настрадани во железничката несреќа во Италија се искачи на 16 лица, соопштија италијанските власти. До несреќата дошло откако еден товарен воз излетал од шините по што експлодирале два вагона полни со течен гас. Несреќата се случила на станицата во пристаништниот град Виареџио во Тоскана. По експлозијата оганот се проширили врз блиските куќи. Властите се уште ги испитуваат причините за несреќата.
XS
SM
MD
LG