Достапни линкови

Кои се позициите за спорот со името?


Државниот врв на консултативна средба за името
Државниот врв на консултативна средба за името

Пред посетата на медијаторот Метју Нимиц, појасни ли се позициите за решавање на спорот со името? Власта тврди дека позициите се јасни, а опозицијата сеуште чека одговор за тоа каква е платформата.

Периодот е кус од иницијалната средба во Женева до доаѓањето на Нимиц во Скопје па во Атина на 6, односно 8 јули, замислен во форма на запознавање од страна на македонскиот преговарач Јолевски на државниот врв, а потоа и политичките партии за детали од женевските преговори, сега доведен во состојба допонителна нервоза, полемики и меѓупартиски обвинувања. Државниот врв по средбата со Јолевски не изнесе нови детали, а министерот Милошоски доаѓањето на Нимиц го нарече можност за директни разговори и за
Република Македонија долги години настапува со принципиелни позиции, дека станува збор за прашања од национален и државен интерес
претставување на нашите позиции. Дали позициите пред пристигнувањето на Нимиц во Македонија се појасни? Да велат од владејачката партија.

,,Република Македонија долги години настапува со принципиелни позиции, дека станува збор за прашања од национален и државен интерес и сметам дека треба да оставиме со доверба кон тимот што го води амбасадорот Јолевски да продолжат да си ја вршат својата работа."

Изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Социјалдемократскиот сојуз ја одби средбата со амбасадорот Јолевски толкувајќи ја како алиби потез кој ја става најголемата опозициона партија во техничка позиција не во улога на субјект со кој власта сака да го сподели политичкиот товар.

,,Она што се случува во моментот, тоа е очигледна желба да се престави дека се решава проблемот. Ние како главна опозициона партија
Затоа е чесно да се каже која е идејата, каква е платформата, дали таа платформа подразбира решавање на спорот или таа платформа подразбира да не го решиме спорот
ќе бидеме крајно конструктивни и ќе соработуваме со Владата за да дојде до решение на спорот. Затоа е чесно да се каже која е идејата, каква е платформата, дали таа платформа подразбира решавање на спорот или таа платформа подразбира да не го решиме спорот?"

Вели Андреј Пертов од СДСМ.Оваа партија стои на ставот дека власта бега од изнесување на сопствената позиција по ова деликатно прашање по што би можела и опозицијата да се изјасни дали ја споделува или не таа позиција, додава Петров.
Преговарачот Јолевски се сретна со лидерот на ДУИ кој изрази подготвеност за конструктивно учество на оваа партија во надминувањето на целиот проблем и апелираше за поголемо учество на сите партии од власта и од опозицијата, интелектуалци и од меѓународната заедница. Однесувањето на двете најголеми партии ВМРО и СДСМ го нарече злоупотреба на темата за политички маркетинг.
Од кабинетот на претседателот најавија можност пред доаѓањето на НИМИЦ да се одржи уште една консулстативна сртедба на државниот врв.
XS
SM
MD
LG