Достапни линкови

Реформите во Катастарот без очекуваните резултати?


Скопје

Скопје

Иако од Катстарот велат дека се намалени и поедноставени процедурите за запишување и издавање податоци, со цел привлекување на инвеститори, стопанствениците со поинакво искуство. Според нив катастарските процедури сеуште се комплицирани.

Ни едношалтерскиот систем ни новата модерна зграда со четиринаесет шалтери на Катастерот во Скопје сеуште не ги дава очекуваните резултати. Луѓето сеуште со месеци, па дури и со години секојдневно шетаат од шалтер до шалтер, за да ги добијат потребните документи за својот имот. Со истите проблеми се соочуваат и фирмите, кои сакаат да инвестираат во земјава, но бидејќи губат премногу време во катастерот се откажуваат. Митко Кочовски од Мак Стил вели дека нефункционирањето на едношалтерскиот систем, кој не
Покрај се друго, и тоа што ние сме ризично подрачје за инвестирање, имотните процедури се дополнителен чинител кој што ги одвраќа инвеститорите, и домашни и странски
обезбедува брзо документи ги брка не само домашните, туку и странските инвеститори.

,,Генерално жално е на денешно време што имотните евиденции или извори на податоци, сеуште не се средени како што треба, се губи многу време, така што партнери од странство кои што сакаат да инвестираат во Македонија, губат трпение. Покрај се друго и тоа што ние сме ризично подрачје за инвестирање, ова е дополнителен чинител кој што ги одвраќа инвеститорите, и домашни и странски."

Мината година Собранието донесе нов закон, да се востанови катастер за недвижности на целата територија на Македонија со кој новите инвеститори ќе немаат пречки за добивање на имотен лист. Тие и ги поедноставиле процедурите и го намалиле рокот за запишување и издавање на податоци, за да ја олеснат процедурата на инвеститорите од земјава и од странство, вели Неша Петрушевска од катастерот во Скопје.

,,Ги поедноставивме процедурите на запишување и ги скративме роковите на самото запишување и роковите на издавање на податоци.
Ги поедноставивме процедурите и ги скративме роковите на самото запишување и издавање податоци
Рокот од еден ден, но не е ниту толку, најмногу половина час има чекање во Скопскиот Катастар и мислам во тој контекст најмногу можат да се најдат компаниите. Е сега со новиот закон, нема правни пречки, независно каде се наоѓа, на кој дел од Македонија недвижноста, да се добие имотен лист. Мислам дека тое е една голема придобивка во сите овие реформи во Катастарот."

Од катастерот велат дека од помош им се и се поголемиот број на геодетски друштва, а очекуваат сите проблеми и грешки, кои можат да настанат во катасарот, да ги снема со воведување на електронскиот систем на кој работат од 2005 година. Досега во катастерските книги е регистрирано околу седумдесет проценти од земјиштето во земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG