Достапни линкови

Предлог- законот за домување пред пратениците


За денеска е најавено продолжение на 63-тата седница на Собранието на Република Македонија. Се очекува да продолжи расправата по Предлог- законот за домување. Пратениците од опозицијата, иако се изјаснија дека е потребно регулирање на оваа област, сепак не го поддржуваат во форма како што е даден Предлог-законот. Тие сметаат дека тој претставува уште едно оптоварување за граѓаните. Инаку, со Предлог- законот, меѓу другото, се предвидува определување на управител на станбените згради со повеќе од двајца сопственици или повеќе од осум посебни делови заради обезбедување на посоодветно одржување на станбената зграда. Доколку сопствениците не назначат управител, предвидена е можност да формираат заедница на сопственици што ќе ги врши работите на управување со станбената зграда.
XS
SM
MD
LG