Достапни линкови

logo-print

Германскиот уставен суд за Лисабонскиот договор


Сојузниот уставен суд во Карлсруе денеска треба да донесе пресуда по тужбата која ја поднесоа над 50 пратеници и политичари од различни партии кои сметаат дека со прифаќањето на Лисабонскиот договор Германија би го прекршила највисокиот правен акт во земјата. Германија е една од четирите членки на ЕУ во кои сеуште не е завршена процедурата на прифаќање на Лисабонскиот договор, кој се однесува на одредени промени во уставното уредување на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG