Достапни линкови

Изборите во Албанија без инциденти


Портпаролот на Централната изборна комисија Леонард Оли изјави дека вчерашните парламентарни избори во Албанија минале без инциденти. Тој истакна дека засега не е познат конечниот победник, иако резултатите од излезните анкети на три меѓународни организации покажуваат дека Демократската партија на премиерот Сали Бериша има предност. Портпаролот на комисијата нагласи дека гласачките ливчиња првпат се бројат електронски и тоа ќе одземе повеќе време од очекуваното.
XS
SM
MD
LG