Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Иран бара истрага за смртта на Неда


Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад побара спроведување на истрага за смртта на Неда, жената која стана икона на опозициските протести во земјата по претседателските избори на 12 овој месец. Во писмо до истражен судија Ахмадинеџад пишува дека Неда Ага Солтан била убиена од страна на непознати сторители на „сомнителен начин“ а непријателите на земјата, како што пишува Претседателот, ја користат смртта на Неда за валкање на „чистиот углед на Иран“. Неда беше застрелана на 20 Јуни кога подржувачите на поразениот претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави се судрија со полицијата во Техеран.
XS
SM
MD
LG