Достапни линкови

logo-print

Рамковниот Договор не е мртов


Зградата на Владата на Република Македонија

Зградата на Владата на Република Македонија

ДУИ и Нова Демократија не ја прифаќаат изјавата на лидерот на ДПА Мендух Тачи кој оцени дека Охридскиот Договор е мртов и побара негово менување. За нив Рамковниот Договор преставува добра основа за меѓуетничка рамноправност, но треба да се забрза динамиката на спроведување.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи различно се однесува кон Рамковниот Договор, во зависност дали е на власт или е во опозиција, реагира вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот Договор Абдулаќим Адеми, откако во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, Тачи оцени дека Охридскиот договор е мртов и побара тој да се менува. Ако ова не се прифати, капацитетите и
Има некои политичари кои сакаат преку вакви изјави да се вратат на политичката сцена
енергијата на Албанците ќе завршат со албанска држава внатре на овие територии, рече Тачи. Вицепремирот Адеми смета дека овие најави се само за дневнополитичка употреба.

,,Има некои политичари кои сакаат преку вакви изјави да се вратат на политичката сцена, особено после големиот пораз што го претрпеа на претседателските и локалните избори. Мислам дека тоа е за дневна политика."

И во Нова демократија велат дека Рамковниот договор не е мртов, иако можеби динамиката на негово спроведување доцни. Тие не сакаат да ги коментираат најавите на лидерот на ДПА Мендух Тачи дека Албанците, целата енергија, ќе ја насочат кон создавање албанска држава на овие територии, ако не се менува Рамковниот договор.

,,Со поголема динамика на имплементирање, тој Договор е добра основа за рамноправност меѓу сите етнички заедници во Република
Со поголема динамика на имплементирање, тој Договор е добра основа за рамноправност меѓу сите етнички заедници
Македонија и како основа за добри меѓуетнички односи. Освен за начелото за Рамковниот договор, доколу во иднина се имплементира и духот на тој Договор мислам дека тоа е добра основа за многу позитивни политички случувања во Македонија."

вели портпаролот на Нова демократија Аријанит Хоџа.
Експертите велат дека, барем во Македонија, е вообичаено партиите да се однесуваат различно кога се на власт и кога се во опозиција. Причината за ваквите радикални најави кај дел од албанскиот политички блок, професор Мерсел Биљали ја гледа во „националистичката владина политика“. Тој вели дека зад Рамковниот Договор стојат релевантни фактори од меѓународната заедница.

,,Тоа е мислам некоја желба за посилни политички поени. Мислам дека обично го прават партиите кои во фаза на ,,заоѓање."

Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, лидерот на ДПА Мендух Тачи рече дека ако не се прифати промена на Рамковниот
Тоа е мислам дека обично го прават партиите кои во фаза на ,,заоѓање"
Договор, капацитетите и енергијата на Албанците ќе завршат со албанска држава внатре на овие територии. Тачи вели дека не е загрижен дали ќе најде партнер во македонскиот политички блок, со кого би нашле заеднички јазик за овој договор. Сето ова го правам како последна опомена дека Македонија е во голема опасност, вели Тачи.

,,Капацитетите, енергијата на Албанците, доколку ова не се прифати ќе завршат со албанска држава внатре во овие територии."

Минатата недела, пак, малите, вонпарламентарни партии на Албанците, на протест, побараа федерализиција на Македонија.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG