Достапни линкови

Невработеноста урива рекорди


Скопје

Скопје

И покрај владините мерки кои што се реализираат за поттикнување на вработувањето, Македонија и натаму се соочува со висока стапка на невработеност. Европската Комисија изразува загриженост бидејќи повеќе од 50 отсто од невработените, се млади лица.

5000 невработени почнувајќи од јули па се до крајот на годинава ќе бидат привремено ангажирани за извршување на јавни работи како одржување на средината и реконструкција на инфраструктурата. Оваа е дел од последниот пакет антикризни мерки на владата, со кои планира да помогне за намалување на невработеноста во Македонија. Во периодот додека се ангажирани, невработените ќе добиваат месечно по 5350 денари. И покрај мерките за намалување на невработеноста, Македонија и понатаму има висока стапка на невработеност. Според податоците на Агенцијата за вработување во Македонија, има евидентирно
Агенција за вработување ги реализира следните програми за вработување: Тоа се програмата за самовработување, програма за подготовка на вработување, прекфалификација за невработени лица, програми за едукација и започнување на бизнис и друго

349 063 невработени лица. Од Агенцијата велат дека имаат мерки за справување со невработеноста.

,,Агенција за вработување ги реализира следните програми за вработување: Тоа се програмата за самовработување, програма за подготовка на вработување каде што има повеќе програми како што се обука, прекфалификација за невработени лица, потоа се реализира и пилот обука за немање вештини кои се дефицитарни на пазарот на трудот и програми за едукација и започнување на бизнис и друго."

Европската комисија во својот последен извештај, изрази загриженост за сосотојбите со невработеноста во Македонија. Тие се загрижени што половина од невработените, или 54 отсто се млади. Зголемување на вработеноста, особено кај младите, е еден од осумте поставени критериуми на Европската комисија за добивање старт на преговори. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека донеле Стратегија за справување со сиромаштијата и Национален Акционен план за вработување. Во таа стратегија се опфатени ранливите групи како деца без родители, самохрани родители, повозрасни невработени, лица со хендикеп.

,,Исто така оваа година и покрај сериозните проблеми со буџетот, повторно се одвоени шест милиони евра за т.н. мали семејни бизниси за оние лица кои што по разни основи останале без работа да може да аплицираат."

Вели државниот секретар на МТСП, Душко Миновски. Од Министерството велат дека чекаат на сигнал од владата за обезбедување и на луѓето кои останаа без работа заради светската економска криза. Според проценки на ССМ над 20.000 останале без работа или се упатени на привремен принуден одмор како последица од светската финансиска криза. Тие очекуваат оваа бројка уште да се се зголемува.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG