Достапни линкови

Американските сили се повлекуваат од ирачките градови


Ирачаните се подготвуваат да го прослават повлекувањето на американските сили од градовите и селата во Ирак. Церемониите започнуваат попладне во Багдад, со учество на музички групи, пејачи и поети. Повлекувањето, според договорот потпишан во минатата година, треба да заврши утре, а тој ден е прогласен за државен празник во Ирак. Комплетното повлекување на американските сили од Ирак е предвидено за 2011-та година.
XS
SM
MD
LG