Достапни линкови

Полициски час во Хондурас


Привремениот претседател на Хондурас, Роберто Мичелети прогласи дводневен полициски час, откако во земјата беше извршен воен удар и соборен досегашниот претседател Мануел Зелаја. Во близина на претседателската палата во главниот град Тегусигалпа имало протести и престрелка. Воениот удар во Хондурас, кој е прв во последните 16 години во централна Америка, го осудија Соединетите Држави, Европската Унија, Обединетите Нации но и претседателот на Венецуела Уго Чавез.
XS
SM
MD
LG