Достапни линкови

Уписи во средните училишта во Македонија


Започнува второто пријавување во средните училишта во Македонија. Идните средношколци денеска и утре ќе можат да ги поднесуваат документите, а првичните резултати ќе бидат објавени на 1 јули . Во средните училишта има уште 19 302 слободни места, од кои 5113 се во Скопје. Најмногу слободни места има во стручните училишта, и околу 7500 во гимназиите. Согласно измените на Законот за средно образование, тоа од минатата година е задолжително за сите ученици. Родителите кои нема да го запишат своето дете во средно училиште ќе бидат казнети со глоба од 1000 евра.
XS
SM
MD
LG