Достапни линкови

logo-print

Протести во Техеран по петдневна пауза


Околу 3000 демонстранти се судриле со полицијата во Техеран на протестот поради официјалните резултати од претседателските избори на кои повторно е избран досегашниот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Ова се први протести по 5 дена пауза, затоа што минатиот обид беше спречен од полицијата. Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ги осудија иранските власти поради нивните остри реакции на протестите на опозицијата, но и покрај тоа Европската унија сака да ги продолжи преговорите за иранската нуклеарна програма, изјави високиот комесар за надворешна политика Хавиер Солана. ЕУ побара од иранските власти повторно да воспостават слобода на медиумите и да го продолжат демократскиот дијалог. Денеска истекува рокот до кој иранското највисоко законодавно тело „Советот на чуварите на револуцијата„ треба да се изјасни по поднесените приговори на претседателските избори одржани на 12-ти јуни.
XS
SM
MD
LG