Достапни линкови

Прв случај на заболен од грип од типот А во Македонија ?


Четиригодишното момче од Австралија е позитивно на вирус од групата А, изјави денеска министерот за здравство Бујар Османи, посочувајќи дека дополнителните анализи што ќе се направат во рефертната лабораторија во Лондон треба да покажат дали се работи за новиот грип од типот А (H1N1) попознат како свински грип. Доцна синоќа на инфективна Клиника во Скопје е примен и возрасен маж од Вевчани, кој пристигнал од САД со симптоми од новиот грип од типот А, но кај него резултатите покажле дека тој не е заболен. Поради превенција, вчера и денеска се испитува каде и со колку лица детето било во контакт и се прави дезинфекција во хотелот во Прилеп во кој момчето престојувало заедно со неговото семејство. Сите лица кои биле во контакт со него веќе примаат терапија. Мајката на детето која е заедно со него на Клиниката за инфективни болести засега нема симптоми од свинскиот грип. Министерот истакна дека нема потреба од паника кај населението бидејки обезбедени се сите потребни средства, заштитни маски и скафандери, како и доволно дози од лекот „тамифлу“, со кој превентивно се делува против грипот.
XS
SM
MD
LG