Достапни линкови

Бугарија не гледа основа за преиспитување на ослободувањето на Чеку


Нема основа за преиспитување на одлуката за ослободување на поранешниот косовски премиер Агим Чеку, изјави денеска бугарскиот заменик главен обвинител Галина Тонева. Таа појасни дека одлуката би можела да биде преиспитана единствено доколку Србија поднесе документи кои би покажале основа и за притворот на Чеку, пренесоа бугарските медиуми. Тонева додаде дека бугарското правосудство ги испочитувало сите обврски на Бугарија кои произлегуваат од правните меѓународни договори.
XS
SM
MD
LG