Достапни линкови

logo-print

Уапсен претседателот на Хондурас


Претседателот на Хондурас е упасен денеска во неговата резиденција, јави американската телевизија Си – Ен – Ен. Апсењето се случило утрово откако Претседателот Мануел Зелаја се огласил дека ќе се придржува на резултатите од референдум за промена на Уставот на земјата, кој Врховниот суд го прогласи за илегален. Референдумот се однесувал на промени на уставот со кои би му се овозможило на Зелаја да се кандидира за втор претседателски мандат. Законоте во Хондурас за сега не дозволуваат повторно кандидирање на претседателот на државата. Зелаја бил качен на воен авион кој одлетал во непозната насока.
XS
SM
MD
LG